Инженерски решенија за сигурни објекти

Комплетна поддршка за инвеститори и проектанти: од пресметка и ревизија, до градилишен надзор и консталтинг

Проектирање

Изработка на комплетна техничка документација и статички пресметки за сите видови градежни објекти.

Ревизија на проекти

Стручна контрола и верификација на проектите за градежните конструкции со максимална безбедност и усогласеност со нормативите.

Надзор на изградба

Постојан стручен надзор за време на изведбата со цел квалитетна и прецизна реализација на објектот.

Инженерство и консалтинг

Стручни технички анализи, проценки на стабилност и инженерски насоки за сигурни градби.

Оптимизација на конструкции

Економично димензионирање и паметни решенија за максимална заштеда на материјали без компромис со безбедноста.

Проектирање

Прецизност, стабилност и асеизмичка сигурност во секој детал

Статика2001 нуди комплетно проектирање на градежни конструкции за сите видови објекти — од станбени и деловни згради, до сложени индустриски и јавни објекти. Нашиот пристап се базира врз детални статички пресметки и сеизмички анализи, современо 3D BIM моделирање и стриктна примена на македонските стандарди и Еврокодовите (Eurocodes).

Во фазата на проектирање ги нудиме следните услуги:

Архитектонско и конструктивно проектирање

Изработка на сите фази од техничката документација (Идеен, Основен и Изведбен проект).

Статички пресметки и сеизмички анализи

Анализа на сите видови оптоварувања и детални сеизмички пресметки за стабилност.

Проектирање на сите видови конструкции

Армирано-бетонски, челични, спрегнати, преднапрегнати, ѕидани и дрвени конструктивни системи.

Арматурни и изведбени планови

Детални планови за армирање и спецификации за брза и точна изведба на терен.

Клучни активности и надлежности

Лиценци: Проектирање "А" и "Б"  /  Ревизија "А" и "Б"  /  Надзор "Ц"

Ревизија на проекти

Максимална контрола и усогласеност со стандардите

Статика2001 врши стручна и детална ревизија на техничката документација за сите видови градежни објекти. Нашиот тим од овластени инженери врши ригорозна контрола на статичките и сеизмичките пресметки како и целокупна усогласеност со важечките закони, прописи и стандарди

Услуги за ревизија на техничка документација:

Техничка контрола и проверка

Детална контрола и проверка на целокупната изготвена проектна документација.

Усогласеност со Законот за градење

Утврдување и потврдување на законската усогласеност на секоја проектна фаза.

Проверка според стандарди и нормативи

Проверка дали проектот е изработен според важечките градежни нормативи.

Контрола на технички прописи

Контрола на почитувањето на техничките прописи за безбедна градежна изведба.

Клучни активности и надлежности

Лиценци: Проектирање "А" и "Б"  /  Ревизија "А" и "Б"  /  Надзор "Ц"

Надзор на изградба

Сигурна реализација на секој проект од темели до завршна фаза

Статика2001 обезбедува стручен, независен и прецизен надзор преку наш искусен тим, кој гарантира дека изведбата целосно ќе ја почитува проектната документација, важечките стандарди и законската регулатива. 

Во фазата на надзор ги нудиме следните услуги:

Примопредавање и градилишна документација

Подготовка на мерки за предавање на градилиштето и водење на градежен дневник и градежна книга.

Контрола на изведба и материјали

Следење на квалитетот на вградените материјали и организација на потребни лабораториски испитувања на истите.

Технички прописи и финансиска контрола

Контрола на безбедност при работа (ХТЗ), со преглед и заверка на месечни ситуации за исплата.

Завршни работи

Конечна финансиска пресметка на објектот и технички прием на истиот.

Клучни активности и надлежности

Лиценци: Проектирање "А" и "Б"  /  Ревизија "А" и "Б"  /  Надзор "Ц"

Инженерство и консалтинг

Комплетна поддршка и стручен инженеринг од идеја до реализација

Во областа на инженерингот и консалтингот, Статика 2001 нуди целосно управување со инвестициски проекти. Со нашиот стручен тим ги преземаме сите припремни, организациски, правни и технички активности.

Главни столбови на нашиот инженерски консалтинг:

Припремни и организациски работи

Локација, геодетски истражувања и координација на сите учесници во почетната фаза.

Администрација и правна поддршка

Правни договори, имотно-правни постапки и застапување пред надлежните државните органи.

Изработка на елаборати и дозволи

Стручен надзор на документацијата и прибавување на сите потребни одобренија.

Реализација и пуштање во употреба

Избор на изведувачи, технички пресметковен надзор и предавање на објектот.

Клучни активности и надлежности

Лиценци: Проектирање "А" и "Б"  /  Ревизија "А" и "Б"  /  Надзор "Ц"

Оптимизација на конструкции

Максимална ефикасност и сигурност на конструкциите

Статика2001 нуди стручни решенија за оптимизација на градежните конструкции со цел постигнување максимална економичност и рационалност при изведбата, без притоа да се наруши безбедноста и стабилноста на објектот.

Услуги за ревизија на техничка документација:

Анализа и рационализација

Детални пресметки за намалување на непотребните количини на материјали без нарушување на носивоста.

Примена на Еврокодови

Усогласување со современите европски нормативи за постигнување максимална ефикасност и сигурност.

Редукција на трошоци

Изнаоѓање паметни и исплатливи технички решенија кои директно ја намалуваат инвестициската цена на проектот.

Техничка координација

Соработка и поддршка со проектираниот тим во сите фази на изработка на проектната документација.

Клучни активности и надлежности

Лиценци: Проектирање "А" и "Б"  /  Ревизија "А" и "Б"  /  Надзор "Ц"